Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Бујар Османи: Државата не направи ни чекор кон ЕУ

    (ВИДЕО) Бујар Османи: Државата не направи ни чекор кон ЕУ

    29.06.2026 во 12:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамките на серијалот „Две години понижување – ВЛЕН ништо“, денес ќе зборуваме за можеби најголемиот неуспех на ВЛЕН: неуспехот на европската идеја и начинот на кој тој неуспех им штети на Албанците. Ние Албанците во оваа држава отсекогаш сме биле двигател на евроатлантската ориентација на земјата. Тоа е така затоа што Европа е наша природна припадност, а европската интеграција отсекогаш била директно поврзана со индивидуалните и колективните права на Албанците. ВЛЕН излезе пред граѓаните со многу јасно ветување: дека ќе го забрза европскиот пат, дека ќе донесе нова енергија, нова динамика и нов кредибилитет во Брисел, и дека тоа ќе го реализира во првите шест месеци од заедничкото владеење со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Две години подоцна, резултатите се разочарувачки., изјави на денешната прес-конференција Бујар Османи од ДУИ.

    Државата нема направено ниту еден суштински чекор кон Европската Унија.

    Наместо забрзување – имаме стагнација.

    Наместо реформи – имаме импровизации.

    Наместо европска агенда – имаме дневна политика.

    Претседателството на Ирска со Европската Унија воопшто не ја споменува нашата држава во својата агенда.

    Министрите на ВЛЕН задолжени за европските прашања немаат реализирано ниту една посета на европските престолнини.

    Особено загрижува фактот што и историската можност што ја понуди Планот за раст на Европската Унија остана во голем дел неискористена. Наместо државата да биде лидер во регионот во спроведувањето на реформите и користењето на европските фондови, денес сведочиме на доцнења, недоволна реализација и отсуство на вистинска реформска волја.

    Но најголемиот пораз на европската агенда, ВЛЕН им го приреди на Албанците, на сопствените гласачи и на сопствениот народ.

    И тоа не го велиме ние. Тоа го вели Брисел. Тоа го вели Европскиот парламент, кој потсетува дека патот кон Брисел сè уште води преку Охрид.

    Во својот последен извештај, Европскиот парламент јасно констатира назадување и бара обновена политичка посветеност за продолжување на европскиот пат. Тој бара целосно почитување и спроведување на Охридскиот мировен договор и предупредува дека меѓуетничката доверба и принципот на еднаквост не смеат да бидат доведени во прашање.

    Особено значајно е што Европскиот парламент побара институциите да обезбедат целосно почитување на јазичната еднаквост.

    Кога Европскиот парламент е принуден да ги потсетува институциите во државата да ги почитуваат веќе стекнатите права на Албанците, тогаш тоа е најсилниот доказ за неуспехот на ВЛЕН како политички претставник во Владата.

    Во истата насока, Европскиот парламент изразува сериозна загриженост и за зголемените надворешни влијанија кои ја оддалечуваат државата од нејзината европска ориентација. Наместо Северна Македонија да биде пример за успешно мултиетничко општество и фактор на стабилност во регионот, денес повторно се отвораат дилеми за нејзината стратешка насока.

    Ова претставува целосен пораз за нас Албанците.

    Додека ги губиме стекнатите права во многу области, европскиот глас на Албанците во Владата е сведен на едно големо ништо.

    И тоа НИШТО има име.

    Тоа име е ВЛЕН.

    Албанците не гласаа за ова.

    Албанците не го прифаќаат ова.

    И на следните избори, кога и да се одржат, Албанците ќе го променат тоа, изјави Османи на денешната прес-конференција.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.