Бугарскиот селектор си поднесе оставка по пораз на домашен терен

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Јасен Петров, поднесе оставка на должноста ден по високиот пораз на домашен терен од Грузија (2-5) во второто коло од групата 4 во Ц-дивизијата во Лигата на нации.

Претходно минатата недела Бугарија во првото коло, исто така, на домашен терен одигра нерешено против македонската репрезентација (1-1) и е претпоследна во групата пред гостувањето во Гибралтар в четврток.

– Мојот морал не ми налага ништо друг освен оставка. Преземам целосна одговорност, изјави Петров, кој седеше на селекторското столче од јануари лани.

До назначување нов селектор репрезентативното кормило ќе го преземе техничкиот директор Георги Иванов. 

06.06.2022 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега