Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана

    08.07.2026 во 20:22

    Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека Владата прави историски најголеми издвојувања за општините

    08.07.2026 во 19:58

    Филипче: Гласањето по пошта отвора сомнеж за кражба на изборите

    08.07.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана
    • Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека Владата прави историски најголеми издвојувања за општините
    • Филипче: Гласањето по пошта отвора сомнеж за кражба на изборите
    • Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ
    • Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади
    • Николовски: Царинската управа руши рекорди во месечната наплата на приходи, во буџетот се инаксирани 12,68 милијарди денари
    • Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот
    • НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот

    Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот

    24.06.2026 во 17:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР.  Дипломатската нота која излезе во јавноста за патувањето на сопругата на премиерот Мицкоски и неговиот син во Пампорово, Бугарија отвори нова тензична епизода во односите меѓу Скопје и Софија. Министерот Муцунски побарал објаснување од бугарските власти како безбедносен документ со лични податоци и доверливи информации протекол во јавноста. Конкретниот случај го оцени како сериозен безбедносен пропуст и побара темелна истрага.

    „Во текот на вчерашниот ден беше повикан амбасадорот на Бугарија во Министерството за надворешни работи, каде што го изразивме високиот степен на незадоволство и загриженост поради нарушувањето на односите меѓу двете држави преку еден ваков гест. Побаравме објаснување од страна на соседна Бугарија за тоа како е дојдено до ваква ситуација. Единственото што би можел да ви го кажам, а што е дипломатски коректно, е она што од наша страна е пренесено. Не би можел во овој момент да го споделам одговорот“, изјави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

    Ваквата реакција доаѓа откако во бугарските медиуми е објавена дипломатската нота каде во детали е опишана рутата по која оделе сопругата и синот на премиерот, но и нивни лични податоци. Информации имало и за полициското обезбедување, но и какво оружје поседувале. Муцунски вели дека очекувал брза реакција од бугарските власти како онаа на нашите, кога експресно го осудија чинот за палење на автомобилите сопственост на бугарската амбасада и апсење на пироманот – но ја немало и затоа го повикале амбасадорот.

    „Доколку би се случило такво нешто кај нас првиот чекор што би го направил е јас да се извинам на таа држава бидејќи очигледно немало доволно висок степен на безбедност во рамките на институцијата“, додаде Муцунски. 

    За дипломатската нота премиерот вчера го извести и НАТО, но властите ги информирале и голем број претставници на ЕУ. 

    И покрај новиот дипломатски инцидент, Муцунски цени дека дијалогот со Бугарија има засилена динамика земајќи го во предвид фактот дека изминатиот месец има повеќе средби – Муцунски со колешката, претседателката Сиљановска со Јотова, и вчера собранискиот спикер Гаши со бугарската колешка Доцова. 

    „Очигледно е дека за прашањето поврзано со евроинтеграциите имаме различни ставови и различна интерпретација на тоа што се наши европски обврски и треба да се најде соодветен механизам за решавање на проблемот“, изјави Муцунски. 

    Определено е име за нов амбасадор во Бугарија, доаѓа од редовите на македонското МНР, ама Муцунски вели дека се уште не смее да го соопшти неговото име.

    Прочитај повеќе

    Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека Владата прави историски најголеми издвојувања за општините

    08.07.2026 во 19:58

    Филипче: Гласањето по пошта отвора сомнеж за кражба на изборите

    08.07.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.