Бугарски медиум: Францускиот предлог подразбира вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка

 

Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација, пишува „Медиапул.бг“, повикувајќи се на извори на дипломати.

Се очекува предлогот да биде одобрен од другите земји-членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат на европско ниво, пишува сајтот.

Според претходно најавените информации предлогот ќе биде доставен во бугарскиот парламент. До вторник следната недела, за кога е закажан Советот за општи работи, Бугарија ќе треба да се произнесе за францускиот предлог, а два дена подоцна почнува состанокот на лидерите на ЕУ.

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, претходно денеска по средбата со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави: „Во Скопје не сме го виделе францускиот предлог“.

Мишел, пак, од своја страна рече дека е уверен оти наскоро ќе има позитивен развој на настаните.

16.06.2022 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега