Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани

    Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани

    01.09.2026 во 14:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Симеон Михаилов, осуден во Македонија и баран за издржување затворска казна од 12 години и шест месеци, се појавил на бугарска телевизија каде зборувал за случајот со неговата ќерка Ива Михаилова од Кочани. Според објавените информации, потерницата по него и натаму е активна.

    Михаилов бил дел од случајот „Детонатор“ и бил осуден за дела поврзани со обид за убиство, злосторничко здружување и насилство. Првично му била изречена доживотна казна затвор, која во понатамошната судска постапка била намалена.

    Во текот на постапката тој ја напуштил Македонија, а во 2014 година бил екстрадиран од Италија, каде претходно бил уапсен по меѓународна потерница. Подоцна повторно станал недостапен за македонските органи.

    Неговото појавување во бугарските медиуми е поврзано со судскиот процес против неговата ќерка Ива Михаилова, на која во Кочани ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа на првото рочиште се изјаснила дека не е виновна.

    Случајот со Михаилова во изминатиот период предизвика реакции и во Бугарија, а нејзиниот татко сега јавно зборува за нејзиниот третман во Македонија, иако македонските власти го бараат за издржување на правосилната затворска казна.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.