Вчера во 15:00 часот во СВР Тетово, 67-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен за сума од 3000 евра од женско лице, кое се претставило дека е од Бугарија и со која контактирал на социјални мрежи.
Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен прамин и заплениле 10.000 евра. Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да ѝ ги вратат парите.
Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите преку брз трансфер на три различни агенции, како што му било кажано, не можел да ги добие на телефон, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Стојаноски: Со новиот Кривичен законик се враќаат казните и за дела сторени пред 2023 година
- „Зимзоленд“ вечерва затворен по контроли на УЈП
- Сојузниците губат доверба во САД по политика на Трамп
- Дел од Центар утре без вода
- Петрушевски: Непристрасен јавен обвинител, законски измени и финансиска поддршка се клучни за враќање на довербата во правосудството
- Милан го раскина договорот со Ориги
- Трамп менува генерал среде „војна“ на Карибите: Донован доаѓа на чело на американските сили за Латинска Америка
- Божиновска: Силна меѓуинституционална координација за успешна примена на Планот за праведна транзиција

