Бугарка го оштетила буџетот на Македонија за 607.998 денари


МВР информира дека Единицата за економски и комјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Б.А.(52) од Република Бугарија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

„Пријавената, во поднесената задолжителна годишна даночна пријава за 2020 година не ги пријавила реализираните приливи на својата девизна сметка во вкупен износ од 111.151 американски долари. На тој начин го одбегнала плаќањето на данокот на личен доход од 10% и го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 607.998 денари“, се вели во соопштението на МВР.

25.11.2022 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега