Бугарија ја суспендира вакцината на „АстраЗенека“- Жена починала неколку часа откако ја примила вакцината
Неколку часа по вакцинирање со вакцината на „Аатразенека“ почина 57- годишна жена од Пловдив, па поради превентивни мерки Бугарија времено ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека, соопшти објави министерот за здравство Костадин Ангелов.
-Вакцинацијата е извршена вчера во 12:00 часот. Жената се заминала дома без никакви поплаки. Вечерта во 03:00 часот почувствувала потешкотии во дишењето и повикуваат Итна медицинска помош. Колегите пристигнуваат навремено, но само констатираат смрт. Сега има многу прашање, чекавме да заврши аутопсијата. Сакам да ви биде јасно дека ова е превентивна мерка за да може да бидеме сигурно оти по седум дена ќе дојдеме до конечно решение како ќе продолжиме со вакцинацијата со АстраЗенека, вели Ангелов.
Вакцината која ја примила не е од испитаната серија, која беше запрена во неколку земји по смртта во Австрија, додека пак тестот за коронавирус е негативен.
Според него, следната недела ќе биде јасно дали смртта на жената има врска со вакцинација:
„Ова е превентивна мерка за да можеме да бидеме сигурни - после 7 дена, кога излезе заклучокот од обдукцијата ќе го знаеме конечниот одговор“ рече тој.
Министерот истакна дека се надева дека нема да има врска со вакцината на „АатраЗенека“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа