Бучковски: Решение со Бугарија ќе има, но не значи дека ќе се најде во наредните седум дена
Специјалниот претставник на Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, е убеден дека ќе се надмине спорот со Бугарија но можеби не толку брзо колку што очекува јавноста и со тоа можеби нема да се избегне евентуалното бугарско вето за старт на преговорите со ЕУ.
Што конкретно ќе се преземе во она малку време што е преостанато пред министерскиот совет, дали и со кого ќе има средби специјалниот претставник Бучковски не открива.
Не ја исклучува можноста од вето, но продолжување на преговорите и евентуално надминување на несогласувањата со Бугарија наредната година. „Немам џокер во ракавот но имам искуство“ вели Бучковски според кого молкот понекогаш е решение.
Бучковски е убеден дека неговото искуство и довербата која ја ужива кај официјална Софија ќе бидат пресудни за придвижување на веќе закочениот процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа