Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија

Владата денеска го именува  Владо Бучковски да биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Бучковски е поранешниот премиер и министер за одбрана, како и некогашен лидер на СДСМ, а сега е универзитетски професор.

По неодамнешното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, кое предизвика лавина реакции во јавноста, Бучковски му даде отворена поддршка на својот некогашен сопартиец и соработник.

-Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности, посочи Бучковски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега