Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Брзата реакција на пожарникарите и мештаните спречи катастрофа – Изгаснат пожарот во Охрид

    Брзата реакција на пожарникарите и мештаните спречи катастрофа – Изгаснат пожарот во Охрид

    16.07.2026 во 08:54Updated:16.07.2026 во 08:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пожарот што вчера попладне избувна на падините на планината Петрино над охридската населба „Бараки“ е локализиран и целосно изгаснат благодарение на брзата реакција на пожарникарите, како и на помошта од локалното население и доброволци.

    Од Територијалната противпожарна единица Охрид информираат дека веднаш по пријавата на пожарот интервенирале со четири противпожарни возила и 17 пожарникари.

    Огнот зафатил поголема површина со сува трева и деградирана борова шума, а поради силниот ветер постоела опасност пламените јазици да се приближат до околните објекти.

    Со координирана акција на пожарникарите и граѓаните кои помогнале во гаснењето, спречено е понатамошно ширење на огнот и предизвикување поголема материјална штета.

    Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се утврдуваат, но првичните сознанија упатуваат на можен човечки фактор.

    Од ТППЕ Охрид апелираат граѓаните да бидат внимателни и одговорни при активности на отворено, а надлежните институции да преземат мерки за откривање на причинителите на пожарите.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување

    06.10.2026 во 13:17

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.