Бројот на жртви во земјотресот во Турција и Сирија достигна 17.176
Бројот на загинати во силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија се зголеми на 17.176.
Официјални лица и медицински лица соопштија дека 14.014 лица загинале во Турција и 3.162 во Сирија, со што потврдениот вкупен број достигна 17.176.
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Ото Педерсен изјави дека итната реакција во Сирија „не смее да се политизира“ по „еден од најкатастрофалните земјотреси што регионот ги видел во околу еден век“.
Обединетите нации денеска соопштија дека добиле гаранции дека помошта денеска ќе стигне до областите уништени од земјотресот во северозападна Сирија преку единствениот овластен премин од Турција.
„Денеска добивме уверување дека ќе можеме да ја добиеме првата помош“ преку преминот Баб ал-Хава, истакна во Женева специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа