Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бројката се зголемува: 15 штипски средношколци со симптоми на труење од сендвичи

    Бројката се зголемува: 15 штипски средношколци со симптоми на труење од сендвичи

    29.09.2025 во 11:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Петнаесет ученици од штипско средно училиште, кои минатата недела на големиот одмор јаделе сендвичи од блиската седнвичара-киоск имале симптоми на труење. Епидемиологот во Центарот за јавне здравје Штип, Светлана Живкова за МИА вели дека земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини, а резултатите ги очекуваат најдоцна до утре и ќе ги објави Институтот за јавно здравје.

    -Направивме епидемиолошко анкетирање на сите пријавени лица. Извршена е едукација на вработените во однос на начинот на спремање на храна, складирање, чување на храната, на лице место тоа е спроведено. Дополнително се дадени предлог мерки и земени се брисеви од вработените. Направен е и вонреден санитарен предглед им е направен и плус се земени мостри од храна за испитување, вели  Живкова.

    Таа посочи дека објектот е затворен и од Државен здравствен и санитарев инспекторат (ДЗСИ) и од Агенцијата за храна и ветеринство. Живкова додава дека денеска ќе се изврши и дезинфекција по биолошки индикации и механичко чистење на објектот.

    Во текот на вчерашниот ден Агенцијата за храна и ветеринство информираше дека по добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип  дека пет лица се здобиле со симптоми на труење, извршиле инспекциски надзор во сендвичарата, земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини. По наредба на инспекциските служби на АХВ сендвичарата е времено затворена со до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.

    Мајка на дете кое по труењето заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека нејзиното дете симптомите ги добило по консумирање на сендвич со пилешки стек и компири. 

    Прочитај повеќе

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30

    И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ

    06.10.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.