Вчера во 16:00 часот, во селото Требеништа, општина Дебрца, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода ги лишија А.А.(20) и Ј.Ј.(24), двајцата од Охрид. Претходно, на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „поло“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.О. од Охрид во кое приведените биле сопатници.

Откако возачот ги забележал полициските службеници, ја зголемил брзината на движење во насока кон полициските службеници и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки, А.А. и Ј.Ј. биле затекнати  во село Требеништа, каде и беа лишени од слобода.

По извесно време, со возило „фолксваген туран“ пристигнал Е.О. и повторно со голема брзина го насочил возилото кон полициските службеници по што, избегал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот по што, поради сомнение за сторени кривични дела по член 215 и 383 од Кривичниот законик, против нив, ќе бидат поднесени кривични пријави.

Exit mobile version