Close Menu
    Најново

    Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците

    22.12.2025 во 15:32

    Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут

    22.12.2025 во 15:30

    Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се нормализира, откажани осум летови

    22.12.2025 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците
    • Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут
    • Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се нормализира, откажани осум летови
    • МВР: Имаме најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата
    • Трагедија на естрадата: Загина Самир Хоџиќ, долгогодишниот хармоникаш на Ханка Палдум
    • Украл паричник од куќа во Кочани, па со соучесници „испразниле“ 90.000 денари од банкомат
    • Скопјанец претепан на Средно Водно
    • Мицкоски: Градиме енергетски суверенитет – 97 милиони евра за модерна и чиста македонска енергија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут

    Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут

    22.12.2025 во 15:30Updated:22.12.2025 во 15:38
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска и информира дека барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница.

    Како што информира Божиновска, одговорајќи на прашања по денешниот брифинг со новинарите, државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут.

    – ЕСМ поднесе писмо до Владата, тоа ќе се разгледува утре на владина седница. Утре ќе дискутираме и ќе знаете утре што ќе се договориме на Влада. Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо бидејќи државата има резерви на мазут. Тоа значи ако знаете дека има протести со Грците и повеќе 30 дена има неможност да се набави мазут, тоа значи дека државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут. Нема да има никакво влијание на снабдувањето. Постои мазут во државата, ако не го земат од Грција, ќе го земат од резервите, истакна Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање дали има проблем со набавка на мазут и дали ќе биде прогласена кризна состојба.

    Министерката очекува до крајот на неделава МЕПСО да го финализира изборот на фирмата што ќе го прави далекуводот со Албанија и да го потпише договорот.

    -До крајот на неделата ќе биде потпишан. МЕПСО сигурно ќе информира со повеќе детали, но колку што јас имам сознанија се е завршено, се чека само на официјален потпис, напомена Божиновска.

    Информира и дека има нов директор на „Номагас“, како и дека потпишаниот Договор е на 22 месеца.

    -Гледаме се да биде како што треба. Бевме и во Србија на билатерален состанок, таму разговаравме за Србија – Македонија, имаме 23 километри, заедно ќе настапиме, ќе видиме за финансирање за Светска банка. Очекуваме до крајот на 2027 година да биде завршено, ќе се транзизитира Грција – Македонија – Србија, рече Божиновска.

    Нагласи и дека поврзувањето на енергетските пазари е предвидено за 2027 година, па во 2026 година кај ниту една членка на Енергетската заедница нема да има спојување на пазарите.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Снег за новогодишната ноќ во Македонија

    22.12.2025 во 11:12

    Трамп ја повлекува Агелер: Македонија дел од големата „чистка“ на американските амбасадори

    22.12.2025 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.