Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Министерството за енергетика покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации
    • Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
    • Стручната комисија утврди: нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица
    • Спасовски: 5,53 милиони евра за прославата – каде се одлуките, даноците и договорите за парите?
    • Германија и Франција со спротивставени ставови за правилото „произведено во Европа“
    • Андоновски: Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора да се движат заедно
    • Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС
    • Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Министерството за енергетика покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации

    Божиновска: Министерството за енергетика покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации

    24.09.2026 во 13:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска, во рамки на официјалното отворање на „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ – Куќата на науката, официјално ја најави поддршката и покровителството на Министерството и нејзино лично како министер за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта.
    Станува збор за натпревар кој речиси две децении ги поттикнува средношколците да размислуваат иновативно и претприемачки и своите идеи да ги претвораат во конкретни решенија за предизвиците на современото општество. Во последните години натпреварот е целосно насочен кон зелените иновации и развојот на вештини потребни за зелената транзиција.

    Настанот се одржува во рамки на „Европската ноќ на истражувачите“, иницијатива која ја приближува науката, истражувањето и иновациите до граѓаните, а особено до младите. Токму од ова место Божиновска испрати порака дека институциите мора да создаваат простор младите идеи да добијат поддршка и можност да се претворат во реални решенија.

    „Ако сакаме зелена и одржлива иднина, мора да инвестираме во младите кои ќе ја создаваат. Со ова покровителство застануваме зад нивното знаење, креативност и иновативност и испраќаме јасна порака дека нивните идеи се важни и дека институциите се тука да ги поддржат. Тоа е поддршка на знаењето, иновацијата, претприемништвото и храброста на младите да создаваат решенија“, порача Божиновска.

    Во своето обраќање пред претставниците на МАНУ, истражувачите, професорите и наставниците, министерката истакнa дека токму ваквите иницијативи се мостот меѓу науката, образованието, иновациите и реалните потреби на општеството

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Растот е 4,3 отсто, дефицитот останува во предвидените рамки

    24.09.2026 во 09:31

    Стопанската комора ги поврзува бизнисот, институциите и регионот преку низа економски настани

    24.09.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.