Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Борозан: Објавете го извештајот дека водата во Гостивар е исправна за пиење

    Борозан: Објавете го извештајот дека водата во Гостивар е исправна за пиење

    15.08.2026 во 12:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ побара од надлежните институции да го објават документот со кој се потврдува дека водата за пиење во Гостивар е безбедна.

    На прес-конференција, Маја Борозан од СДСМ ја критикуваше Владата поради начинот на кој, како што рече, јавноста била информирана за состојбата со водата во Гостивар.

    „Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени“, изјави Борозан.

    Од СДСМ велат дека првично било најавено оти резултатите од анализите ќе бидат готови на 20 август, но сега, како што тврдат, надлежните соопштиле дека водата е безбедна шест дена порано.

    „Како до вчера, 20 август, а денес нагло сè е во ред?“, праша Борозан.

    Таа побара да биде објавен официјален документ со кој ќе се потврди исправноста на водата, како и податоци за тоа која институција ја извршила анализата и кој го потпишал извештајот.

    „За здравјето на луѓето мора да има стручна анализа, документ, потпис и одговорност. Граѓаните не бараат здравица. Бараат чиста вода и гаранција дека е безбедна“, порача Борозан.

    Од СДСМ обвинуваат и дека во изминатите пет недели граѓаните добивале различни и контрадикторни информации од надлежните институции и функционери.

    Според Борозан, првично водата била прогласена за безбедна за употреба како техничка, по што било соопштено дека се присутни бактерии. Таа посочи и дека пред прогласувањето на епидемијата водата била оценета како исправна.

    „Бидете сериозни барем еднаш – објавете го документот“, порача Борозан.

    СДСМ инсистира надлежните институции јавно да ги објават резултатите од анализите и да преземат одговорност за информациите што ги соопштуваат до граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница

    25.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.