Борова и букова шума гори кај Кичево

 

Пожарот што изби кај селото Патеец кај Кичево се претвори во голем шумски пожар.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, објави дека врз овој пожар се дејствува со шест ертрактори – два наши, два германски и два кипарски.  Пожарот се гасне и од земја, а на некои места горат и борова и букова шума.

Покрај кичевскиот, активни остануваат уште шест пожари.

Најголемиот е оној кај Македонски Брод и постепено се става во контрола.

Ангелов во послендиот извештај за состојбата со пожарите, соопшти дека кракот кон Јасен е активен, иако со помал обем. На лице место десјтвуваат 20-на вработени во Јасен, потпомогнати од локални пожарникари со пртивпожарно возило.

Второит крак кон Козјак е целосно изгаснат. Изработен е противпожарен појас што не би дозволил да продре до селото, доколку повторно се разгоре.

Третиот крак е оној кај Белице, кадешто дејствуваат 20 припадници на Армијата и локалните пожарникари. Воспоставена е делумна контрола и не постои опасност.

Активен е и пожарот на Галичица кој се префрли на ресенска страна кон Стење. Дејствуваат 18 доброволци на Црвен крст.

„Верувам дека овој пожар ќе биде сопрен и нема да ги загрози населените места во подножјето на Галичица од двете страни – охридска и преспанска“, рече Ангелов.

За пожарот кај Новаци, првиот човек на ЦУК рече дека се дејствува со два хеликоптери. Тука гори ниска вегетација на карпест терен, каде дејството од земја е ограничено.

11.08.2024 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега