Борел: Дипломатијата победи во деескалацијата на тензиите во Косово
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Џосеф Борел, денеска изјави дека дипломатијата победила во деескалацијата на тензиите на северот на Косово и Метохија.
„Дипломатијата победи со деескалација на северот на Косово. Насилството никогаш не може да биде решение“, напиша Борел на Твитер.
Тој додаде дека го поздравува одговорното раководство на претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Приштина, Аљбин Курти,пренесе Танјуг.
29.12.2022 - 18:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа