Бонучи направи инцидент, казнет со 10.000 евра (ВИДЕО)

Фудбалерот на Јувентус Кристијан Бонучи  е казнет со 10.000 евра поради инцидентот на натпреварот од Суперкупот на Италија помеѓу „старата дама“ и Интер.

Интер славеше со 3:2 и тоа со голот во Алексис Санчез со 120 минута од натпреварот. Бонучи во моментите на постигнување на победничкиот гол на Санчез, се наоѓаше покрај теренот и требаше да влезе во игра за да биде еден од изведувачите на пенали.

Во тие моенти покрај него се наоѓаше Кристијано Мозилјо, функционер на Интер кој почна да скока од среќа по голот на Санчез. Тој потег не му се допадна на Бонучи и го оттурна Мозилјо и му се заканил дека ќе го убие доколку продолжи да се радува пред него.

Веднаш реагираа луѓето од двете екипи и спречија поголем инцидент, а дисциплинската комисија одлучи да го казни Бонучи со 10.000 евра.

 

14.01.2022 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега