Close Menu
Press24
    Најново

    Бојковска до Андовски: Каква состојба затекнавте во Алта банка Битола пред воведувањето на администрацијата

    11.11.2026 во 17:56

    Николовски за Алта банка: Европа ја затвори вратата во Виена, ние му ја отворивме во Битола

    11.11.2026 во 17:44

    Славески: Состојбата во „Алта банка“ АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни

    11.11.2026 во 17:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бојковска до Андовски: Каква состојба затекнавте во Алта банка Битола пред воведувањето на администрацијата
    • Николовски за Алта банка: Европа ја затвори вратата во Виена, ние му ја отворивме во Битола
    • Славески: Состојбата во „Алта банка“ АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни
    • ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет
    • Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година
    • Петкоска до Агенцијата за разузнавање: Како се следат безбедносните ризици и каква е координацијата со НАТО партнерите
    • Јаревски: Алта банка не е ТАТ ниту Еуростандард, Народната банка реагираше навремено
    • Утре повеќе од 7 часа ќе нема струја – Најавени исклучувања на повеќе места
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска до Андовски: Каква состојба затекнавте во Алта банка Битола пред воведувањето на администрацијата

    Бојковска до Андовски: Каква состојба затекнавте во Алта банка Битола пред воведувањето на администрацијата

    11.11.2026 во 17:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет упати прашање до Илија Андовски, привремен администратор на Алта банка Битола. Таа праша дали банката пред воведување на администрацијата ги исполнувала супервизорските барања, односно кава била фактичката состојба.

    „Моето прашање до Илија Андовски, како привремен администратор на Алта банка Битола е дали Алта банка Битола пред воведување на администрацијата ги исполнувала супервизорските барања. Ова прашање го поставувам затоа што  сметам дека за правилно да го разбереме случајот, најпрво мора да утврдиме каква била фактичката состојба во самата банка во Македонија“, изјави Бојковска и додаде:

    „Имаме ситуација во која на Алта банка Белград и е одземена дозволата за работа од страна на српскиот регулатор. Таа банка е мнозински акционер со 95,3% во Алта банка Битола, но сакам да потенцирам нешто суштинско, Алта банка Белград и Алта банка Битола се две одделни правни лица иако се капитално поврзани. Тие работат во две различни држави, под две различни законодавства и под надзор на два различни банкарски регулатори. Затоа проблемот што настанал кај мнозинскиот акционер во Србија, не смее автоматски да се изедначува со финансиската состојба во Македонија“.

    Во рамки на надзорната расправа Бојковска додаде дека потребно е да се обезбедат проверени информации, а не дополнителна неизвесност за депонентите. Таа посочи дека најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност.„Токму тука е значењето на моето прашање. Во официјалното соопштение на Народната банка во 1 ноември беше наведено дека Алта банка Битола е високо капитализирана, ликвидна со солиден квалитет на кредитното портфолио и дека ги исполнува супервизорските стандарди. Но денес од вас како привремен администратор, очекуваме да добиеме и конкретни сознанија за состојбата што сте ја затекнале. Би сакале да се осврнете на капиталната адекватност и ликвидноста, квалитетот на кредитното портфолио, изложеноста кон поврзаните лица и управувањето со ризиците. Зошто ги спомнувам овие показатели? Затоа што постои голема разлика меѓу банка што има сериозни капитални недостатоци и банка кај која би настапил евентуален ризик како последица на проблемите со нејзиниот доминантен акционер. Според јавно објавениот извештај за деветте месеци од 2026 година, Алта банка Битола располага со приближно 180 милиони евра актива и околу 32 милиони евра капитал и резерви. Тоа се показатели според мене што заслужуваат сериозно внимание, но секако не го заменуваат супервизорскиот процес“, рече Бојковска.

    Прочитај повеќе

    Николовски за Алта банка: Европа ја затвори вратата во Виена, ние му ја отворивме во Битола

    11.11.2026 во 17:44

    ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет

    11.11.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.