Close Menu
Press24
    Најново

    Киднапирањето на Кајмакоски: нарачано од позната личност?

    18.03.2026 во 09:24

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Овие три хороскопски знаци секогаш го очекуваат најлошото сценарио

    18.03.2026 во 09:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Киднапирањето на Кајмакоски: нарачано од позната личност?
    • Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре
    • Овие три хороскопски знаци секогаш го очекуваат најлошото сценарио
    • Најстудено утро и најмногу дожд на Попова Шапка – Температурите низ Македонија утринава
    • Шилегов му одговори на Филипче – Меѓусебни обвинувања дека дејствуваат во корист на ВМРО-ДПМНЕ
    • Русија помага на Иран со технологија за дронови против САД
    • Генералното собрание на НФФ – Можност за развој на мали земјоделци и производители
    • Директна комуникација со земјоделците: Стартува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Богородица и Меџитлија и денеска под блокада

    Богородица и Меџитлија и денеска под блокада

    09.12.2025 во 11:282 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Над 50 блокади се поставени ширум Грција, вклучувајќи ги и клучните гранични премини кон Македонија, Бугарија и Турција, како дел од продолжението на протестите на грчките земјоделци. Ситуацијата ескалираше до тој степен што аеродромот во Ираклио на Крит беше принудно затворен до рано утрово, што предизвика откажување на низа летови.

    За македонските граѓани најважна е најавата за нови прекини на сообраќајот на јужната граница. На преминот Евзони (Богородица), каде се паркирани над 300 трактори, блокадата денеска се очекува да биде активна во два наврати: од 12 до 16 часот и од 18 до 22 часот по локално време. Исклучок од забраната за движење ќе има само за грчките камиони што ја напуштаат земјата.

    Блокиран е и преминот Ники (Меџитлија). Според најавите на грчката агенција АНА-МПА, таму е закажана четиричасовна блокада која започнува од 10 часот по локално време.

    Најсериозниот инцидент се случи на островот Крит, каде земјоделците вчера се судрија со полицијата, го пробија кордонот и успеаја да навлезат на аеродромската писта во Ираклио, парализирајќи го авиосообраќајот. Тензично било и во Ханија, каде исто така имало обиди за упад на аеродромот.

    Главното жариште на протестите останува во централна Грција, кај Никеа, каде автопатот Солун – Атина е блокиран, а сообраќајот се пренасочува. За утре е најавена и блокада на пристаништето во Волос.

    Земјоделците, кои протестираат од 30 ноември поради високите трошоци и скандалот со субвенциите, поставија новогодишни елки на барикадите, испраќајќи порака дека се подготвени да останат на улиците и за време на претстојните празници.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29

    Судот во Велес ја запре кривичната постапка против Лазар Нанев

    18.03.2026 во 08:34

    Чудо во Русија: Жена паднала од петти кат, станала и си заминала

    17.03.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.