Богоев: Во партијата имаме разговарано за опцијата да бидам директор на Царина

 

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев денеска не сакаше да открие дали ќе биде новиот директор на Царинската управа, иако, како што изјави, за ваква опција се разговарало внатре во партијата.

– Ова може да го потврди или негира Владата која го поставува директорот на Царина. Ние сме разговарале со партијата за таа можност. Директор на Царина назначува Владата и тоа е во ингеренција на централната власт. Јас како локална власт не би можел да прејдицирам одлуки на Владата. Можам да потврдам дека внатре во партијата сме разговарале за ваква опција, изјави Богоев, одговаракјќи на новинарски прашања по денешниот увид на градежните работи на улицата „Париска“ во Тафталиџе 1.

СДСМ во средата за кандидат за градоначалник на Карпош го предложи Душко Весковски, актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје. Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски изјави дека Богоев ќе биде назначен на некоја функција во извршната власт

27.08.2021 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега