Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
    • „Ќерката ме претепа со тврд предмет и ми се закани“ – Скопјанец пријавил во полиција
    • МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение
    • Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија
    • Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија
    • Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра
    • Со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена во продажен објект – тројца стружани заработија кривична
    • (ФОТО) Георгиевски: Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » БЈБ и ОБСЕ започнаа програма за поддршка при психолошка траума кај полицајците

    БЈБ и ОБСЕ започнаа програма за поддршка при психолошка траума кај полицајците

    25.08.2026 во 12:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска (25.08.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, присуствуваше на започнувањето на првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, која претставува новина во полицискиот систем и важен чекор кон создавање современа, професионална и одговорна полиција.

    Програмата се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, со цел полициските службеници да стекнат знаења и практични вештини за препознавање на стресот и траумата, психолошка прва помош, кризна интервенција, колегијална поддршка и навремено упатување кон стручна помош.

    Во своето обраќање, директорот Јанев истакна дека полициските службеници се меѓу првите кои пристигнуваат на местото на несреќи, трагедии, насилства и други кризни ситуации.

    „Полициските службеници се соочуваат со тешки сцени и човечка болка, а истовремено од нив се очекува да останат присебни, да носат одлуки под притисок, да го спроведуваат законот и да ја гарантираат безбедноста на граѓаните. Но, зад секоја униформа стои човек“, истакна Јанев.

    Тој посочи дека токму затоа е важно полициските службеници да бидат отворени едни кон други, да разговараат и да си помагаат, нагласувајќи дека барањето помош не е знак на слабост, туку знак на одговорност, професионалност и грижа за себе и за колегите.

    Јанев истакна дека постојаната изложеност на трауматични настани и насилство, работата во смени, недостатокот на сон, стравот за сопствената безбедност и семејните предизвици можат да остават сериозни последици, додека стравот од стигматизација често ги спречува луѓето навреме да побараат помош.

    „Оваа програма нема да биде еднократна активност. Таа ќе стане дел од континуираните обуки и системот за поддршка на полициските службеници, со што психолошката отпорност, превенцијата и колегијалната поддршка ќе се вградат како трајни елементи на современиот полициски систем“, нагласи директорот на БЈБ.

    Тој порача дека граѓаните заслужуваат силна, стабилна и ментално подготвена полиција – полиција која професионално одговара на секој предизвик и одговорно се грижи за своите луѓе.

    „Се грижиме за граѓаните. Се грижиме едни за други. Затоа што сме едно полициско семејство. Не молчи. Побарај помош навреме. Прашај го колегата до тебе како е и биди поддршка без осуда.

    Препознај. Реагирај. Помогни. Заедно сме посилни“, порача Јанев.

    Прочитај повеќе

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36

    „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните

    20.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.