Вчера во 07:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од бул.„1 Мај“, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Јане Сандански“ во Битола, патничко возило „форд фокус“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(31) од Битола, удрило во пешакот М.К.(85) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Клиничката болница Битола, известија од полицијата. 

 Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

Leave A Reply

Exit mobile version