Вчера во 18.10 часот во СВР Охрид, З.С. од Скопје, пријави дека неговиот син Б.С.(32) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид  го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од  неговите алишта, мобилен телефон и гумен чамец.  

Веднаш по добивањето на пријавата,  полициски екипи од езерската полиција и од СВР Охрид  заедно со членови на спасителската планинарска служба и на нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид“, вршат пребарување во езерските води и на копно со цел негово пронаоѓање и расчистување на настанот.

Exit mobile version