Битолчани не ги почитуваат сообраќајните правила - казни ќе плаќаат 87 лица

Денеска (30.03.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 87 возачи. Од нив,52 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 35 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

30.03.2023 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега