Close Menu
Press24
    Најново

    Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода

    08.07.2026 во 13:40

    Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница

    08.07.2026 во 13:18

    МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

    08.07.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Скок од мост во поплава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Билатерална средба на македонската и хрватската Царина: „Ќе оставиме видлив белег“ во реформите за забрзана ЕУ интеграција

    Билатерална средба на македонската и хрватската Царина: „Ќе оставиме видлив белег“ во реформите за забрзана ЕУ интеграција

    11.05.2026 во 14:243 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Постигнатиот напредок во спроведување на реформите во областа на Царинската унија, борбата со организираниот криминал, регионалната соработка и зголемување на економскиот раст, ја покажува нашата силна посветеност во процесот на забрзана интеграција во ЕУ и Република Хрватска цврсто нѐ поддржува во евроинтегративните процеси. Започнува нов циклус на соработка, при што Царинската управа на Република Хрватска на експертско ниво ќе ги пренесе своите искуства. Ова е заклучокот од денешната билатерална средба на високо ниво остварена помеѓу директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со директорот на Царинска управа на Република Хрватска Марио Демировиќ.

    Директорот на Царинска управа на Република Хрватска Марио Демировиќ нагласи дека Македонија е дел од геосемејството на Хрватска со која таа дели цврста емотивна врска.
    „Отпочнуваме нов циклус на соработка, при што нашата интенција е да оставиме видлив белег позади себе. Покрај нашите искуства во примена на најдобрите практики во реформските процеси во областа на Царинската унија која е основата во евроинтегративните процеси, ќе понудиме и поддршка на македонското стопанство“, вели Демировиќ.

    На билатералната средба директорот Николовски истакна дека на Хрватска гледаме како на значаен партнер и нивните искуства сe од исклучително значење во ефективна примена на новиот Царински закон на кој работиме во моментов, имплементацијата на систем за следење на тутунски добра, размена на податоци со УЈП како суштински за сузбивање на сивата економија како и за зајакнување на оперативните механизми.

    „Нотираниот напредок во спроведување на реформите, зголемената наплата на приходи која годинава заклучно со април бележи зголемување од 26,5 милиони евра во однос на лани, зголемениот број на поднесени кривични пријави – заклучно со април се поднесени 69 кривични против 257 физички и 77 правни лица, се јасен доказ за нашата цврста посветеност во евроинтегративните процеси. Царинската управа е меѓу најдобрите топ реформатори коишто овозможуваат подобрување на условите за водење бизнис и зајакнување на конкурентноста на македонската економија“, истакна директорот Николовски, и додаде дека согласно договореното на последниот состанок одржан во Хрватска се очекува интензивирање на оперативната соработка.

    Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска потенцира дека денешната дискусија е од особено значење, особено во контекст на евроинтегративниот процес и потребата од понатамошна модернизација и усогласување на царинските системи со европските стандарди.
    „Министерството за финансии останува силно посветено на поддршката на реформите што значат поефикасни институции, поголема транспарентност и унапредување на системите кои придонесуваат за подобра наплата на приходите и посигурно економско окружување. Во таа насока, особено ја цениме подготвеноста на Република Хрватска за споделување искуства и добри практики, имајќи го предвид нејзиното значајно искуство во процесот на интеграција во Европската Унија и имплементацијата на европските стандарди во царинското работење“, истакна Димитриеска-Кочоска.

    Прочитај повеќе

    Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода

    08.07.2026 во 13:40

    Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница

    08.07.2026 во 13:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.