Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава, ќе добие и тројца нови монаси

    Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава, ќе добие и тројца нови монаси

    09.09.2026 во 21:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир,  ги кани верниците на традиционалното одбележување на главната манастирска слава во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

    За време на празничното бдение, кое почнува утревечер во 19 часот, тројца искушеници ќе го примат монашкиот чин.

    Монашкиот чин ќе биде извршен во присуство на митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој ќе претстои на празничното бдение.

    Според објавата на Бигорскиот манастир, замонашување ќе биде централниот духовен настан во рамките на годинашното празнување на Свети Јован Крстител, небесниот покровител на обителот.

    Празничното чествување ќе биде збогатено и со учеството на хорот за источно-православно пеење „Свети Јован Кукузел“ од Тирана, Албанија. Хорот ќе гостува во Бигорски со благослов на архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија г. г. Јован.

    „Тоа ќе внесе уште една светла димензија во славата: братско сведоштво дека православната вера, молитвата и свештеното предание ги надминуваат сите граници и ги соединуваат народите во едната Христова Црква. Со нив и со  браќа псалти, древните химни кон Светиот Претеча ќе се вознесуваат во Бигорски како заедничка молитва и благодарност“, стои во објавата.

    Хорот од албанската православна  црква заедно со хорот при бигорското братство ќе го придружуваат празничното бдение и богослужението со византиско црковно пеење.

    На денот на празникот, 11 септември, во 8:45 часот почнува  светата архиерејска Златоустова Литургија.  

    Прочитај повеќе

    Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот

    06.10.2026 во 13:43

    Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација

    06.10.2026 во 13:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.