Три лица се лишени од слобода во Велес, Тетово и Кочани поради возење под дејство на алкохол и предизвикување опасност во сообраќајот на 1 јануари.

Еве го билансот на полицијата:

  • Велес (04:55 ч): З.Ј. (29) со „сеат“ удрил во метална канделабра. Возел со 1,66 промили алкохол.
  • Тетово (00:54 ч): А.З. (19) со „голф“ удрил во рабник со 1,68 промили. Подоцна ги нападнал полицајците.
  • Кочани (01:50 ч): Д.Ѓ. (69) возел во спротива на кружен тек и продолжил во забранета насока по главна улица.

Полицијата најави кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

Exit mobile version