Денес го одбележуваме празникот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Св.Софија. Ова на Фејсбук го напиша градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Овој ден нè потсетува на вредностите што треба да ги негуваме секој ден – верата, надежта, љубовта и грижата едни за други.

Деновите како овој нè потсетуваат колку се важни заедништвото, блискоста и почитта кон традицијата што ја негуваме со генерации.

Нека овој празник донесе здравје, мир и радост во секој дом, а Верата, Надежта и Љубовта нека бидат водилка за сите нас.

За многу години празникот!, напиша таа.

Exit mobile version