Бензински пумпи затајувале данок, УЈП ќе ги објави во јавност по празниците

 

По празниците се очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да излезе со информација за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок. 

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска изјави дека до полноќ треба да заврши пописот во уште една бензинска пумпа и дека станува збор за мрежа во која се вклучени и три добро познати бензински пумпи од различни региони во државава. 

- Денеска до полноќ треба да  завршиме со попис во една бензинска пумпа. Оди малку потешко соработката со даночниот обврзник. Целиот капацитет од Регионалната дирекција на УЈП во Штип ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот. Станува збор за една посебна мрежа, но и за три познати бензински пумпи од различни региони од државата по што по завршување на пописот и по празниците ќе дадеме соодветно известување, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Царинската управа Стефан Богоев. 

04.01.2024 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега