Белата куќа денеска беше принудена експресно да го повлече видеото кое претседателот Доналд Трамп претходно го сподели на својата мрежа Truth Social. Видеото, кое содржеше расистички сцени во кои Барак и Мишел Обама се прикажани како мајмуни, предизвика бура од реакции кај американската јавност, вклучително и кај дел од републиканците.

Официјални лица од Белата куќа се правдаа дека објавата била „техничка грешка“ на вработен во персоналот. Иако портпаролката Каролин Ливит првично го бранеше видеото како обичен „интернет мем“ каде Трамп е претставен како „кралот на џунглата“, навредливите кадри со првата црна двојка во историјата на САД беа оценети како „неприфатливи“.

„Ова не е прашање на политика, туку на достоинство. Користењето на вештачка интелигенција за вакви расистички претстави е опасен преседан“, се вели во дел од реакциите на демократите.

Exit mobile version