Бектеши: Одредени компании вештачки ги зголемиле цените за да профитираат

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 анализа во однос на новото покачување на цените истакна дека чекаат да се усвои ребалансот на буџетот каде се предвиедени сретства за креирање на новите мерки.

„Не помина ниту една недела каде одредени производи се зголемија, но тоа е само во делот на тестетинините и на некои други производи, маслото за јадење и други производи вратена е само процентот од делот на ддв. Освен објава на фирмите, ќе донесеме заклучок  за сите инспекторати да излезат на терен и да проверат дали цените вештачки се зголемени. Има одредени компаниии кои вештачки ги зголемиле цените над 60% со цел да ја искористат ситуацијата на крбот да граѓаните. Не сакаат да се откажат од ниту еден процент во делот на профитот“, рече Бектеши.

06.06.2022 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега