Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Беџети ја отфрла кривичната пријава за проневера од 1,7 милиони евра: Политички монтирана хајка режирана од Мицкоски

    Беџети ја отфрла кривичната пријава за проневера од 1,7 милиони евра: Политички монтирана хајка режирана од Мицкоски

    14.11.2025 во 14:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од ДУИ и поранешен тримандатен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, денеска одржа прес-конференција во Собранието, нагласувајќи дека кривичната пријава поднесена против него и уште неколку лица е „политички монтирана и правно неоснована“.

    Пријавата, поднесена вчера од Управата за финансиска полиција, го товари Беџети за проневера на 108 милиони денари (околу 1,7 милиони евра) преку наводна измислена урбанизација, лажна дозвола за градба и „технички преглед“ на нелегално изграден објект во Глумово.

    Беџети тврди дека пријавата е дел од организирана хајка, режирана директно од премиерот Христијан Мицкоски, со јасна цел: да се изврши притисок врз него како пратеник за да се зголеми парламентарното мнозинство.

    „Денеска јавно порачувам дека ниту јас, ниту кој било друг од пратениците на ДУИ не се плаши и нема да попушти пред притисоците на власта. Кривичната пријава поднесена од страна на Финансиската полиција е целосно неоснована“, порача Беџети.

    Пратеникот најави дека против директорот на Финансиската полиција, Слободан Ивановски, заменик-директорот Илбер Имери и уште две лица, ќе поднесе соодветна пријава, обвинувајќи ги дека учествувале како „организирана банда во оваа политичка хајка“.

    Беџети ги отфрли обвинувањата на Финансиската полиција дека дозволата за градба била издадена без Детален урбанистички план (ДУП). Тој рече дека ДУП-от бил донесен кога тој бил градоначалник, а министер и градоначалник на Скопје биле од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Постои Детален урбанистички план. Законот за градење дозволува издавање на одобрение врз основа на важечки план или урбанистички проект. Токму така и било постапено, не постои материјална штета, ниту еден денар загуба за општината“, нагласи Беџети, додавајќи дека станува збор за „измислица за да се прави медиумски спектакл“.

    Беџети заклучи со порака до власта: „Никој од пратениците на ДУИ нема да потклекне на вашите притисоци и да премине во ВЛЕН, а најмалку јас“.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.