Close Menu
Press24
    Најново

    Балканот и циркуларната економија: Локални приказни што инспирираат 

    07.07.2026 во 12:02

    УХМР со најава за следните денови: Подгответе се за горештини и силно невреме

    07.07.2026 во 11:44

    Дојчиновски: Власта за младите пари нема, ама за криминални тендери има

    07.07.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Балканот и циркуларната економија: Локални приказни што инспирираат 
    • УХМР со најава за следните денови: Подгответе се за горештини и силно невреме
    • Дојчиновски: Власта за младите пари нема, ама за криминални тендери има
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ да се договорат што сакаат – Спремни сме за разговор
    • Иванов: Во Македонија се случува градежен бум
    • 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите, најавува невреме
    • Манасиевски: Што ќе кажат Филипче и Заев, утре кажува Апасиев
    • Муцунски во Катар: Разговори за директна линија Скопје–Доха и нови инвестиции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Балканот и циркуларната економија: Локални приказни што инспирираат 

    Балканот и циркуларната економија: Локални приказни што инспирираат 

    07.07.2026 во 12:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Циркуларната економија сè повеќе се применува во различни сектори – од образование и локални заедници до индустриски системи за производство на енергија и материјали.

    Био-отпадот во овој контекст претставува клучен ресурс кој овозможува создавање енергија, ѓубрива и нови производи, наместо негово депонирање.

    Кога зборуваме за циркуларна економија и управување со био-отпад, често мислиме дека најдобрите примери доаѓаат од далечни земји и големи компании. Сепак, позитивни приказни постојат и во нашиот регион, покажувајќи дека промените се можни кога постои иницијатива, знаење и соработка.  

    Во Северна Македонија, инспиративен пример доаѓа од Неготино. Тројца средношколци – Никола Гичовски, Дончо Димитриовски и Крсте Кочовски – преку проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“ покажуваат како органскиот отпад може да се претвори во корисен ресурс. Во дворот на училиштето поставиле компостери во кои го селектираат и обработуваат органскиот отпад, создавајќи природно ѓубриво за јавните зелени површини. Дополнително, користат мерна опрема за следење на условите во компостерите, со што обезбедуваат ефикасен процес на разложување.

    Во соседна Србија, органскиот отпад веќе се користи како извор на енергија. Во Врбас работи модерна биогасна централа која користи отпад од шеќерната индустрија и земјоделски остатоци за производство на биогас. Потоа, биогасот се претвора во електрична енергија, а преостанатиот материјал повторно се искористува, што претставува одличен пример за затворен производствен циклус.

    Словенија, пак, се смета за еден од лидерите на циркуларната економија во Европа. Органскиот отпад таму се собира одделно повеќе од една деценија, а голем дел од него завршува во домашни компостери. Љубљана е препознаена како „Zero Waste“ град со висока стапка на рециклирање, додека бројни институции и компании активно работат на намалување на отпадот и поефикасно користење на ресурсите.

    Сите овие примери испраќаат важна порака: циркуларната економија не е концепт резервиран само за најразвиените земји. Таа веќе постои и се развива во нашиот регион – во училиштата, локалните заедници, индустријата и домовите.

    Промената започнува со мали чекори – селектирање на отпадот, компостирање или поддршка на одржливи иницијативи. Кога овие активности ќе станат секојдневна практика, отпадот престанува да биде товар и станува ресурс што создава вредност за општеството и животната средина.

    Извори: Република.мк (2026); Energy, Sustainability and Society / Springer Nature (2024); Vlaanderen Circulair (2024); World Bank – Circular Economy in Croatia & Slovenia; Balkan Green Energy News (2025).

    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

    Прочитај повеќе

    УХМР со најава за следните денови: Подгответе се за горештини и силно невреме

    07.07.2026 во 11:44

    Дојчиновски: Власта за младите пари нема, ама за криминални тендери има

    07.07.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.