Борисов нуди помош по трагедијата во Кочани: Во најтешките моменти остануваме заедно
Бугарскиот премиер Бојко Борисов телефонски го контактирал премиерот Христијан Мицкоски по страшната несреќа во Кочан.
Во телефонски разговор со премиерот на РСМ Христијан Мицкоски изразив најискрено сочувство до роднините на загинатите во пожарот во дискотека во градот Кочани, објави Бојко Борисов.
„Во најтешките моменти остануваме заедно и затоа на колегата му ја понудив помошта што Бугарија може да ја пружи.
Господ да ги прости починатите. Се молиме за побрзо закрепнување на повредените, објави тој.
16.03.2025 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа