Автомобил излета од патот Кичево-Гостивар, повредени две лица


Вчера во 14.25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина кај с.Строгомишта, патничко моторно возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(47) од с.Тајмиште-кичевско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник М.С.(56) од с.Тајмиште, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

10.03.2024 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега