Австралиски војници ќе обучуваат украински сили во Велика Британија
Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека австралиски војници ќе обучуваат 200 украински војници во Велика Британија.
Засега 70 австралиски војници се распоредени во Британија за да започнат програма за обука на украинските регрути. Украинските регрути најпрво поминаа една недела основна обука од 1-виот баталјон на ирската гарда, додека австралиските војници, главно членови на 5-от баталјон на кралскиот австралиски полк, ќе го спроведат остатокот од обуката.
- Наша одговорност е, без разлика на позадината, сите регрути во нашата чета да излезат со истите основни воени тактики и вештини за адекватно да се одбранат себеси, своите колеги и својот суверенитет, рече Грег Сарџент, кој командува со австралискиот контингент.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас уште во јануари рече дека австралиските војници ќе се приклучат на програмата за обука предводена од Британија. Валас тогаш рече дека програмата веќе била поддржана од Канада, Данска, Финска, Шведска, Литванија, Норвешка, Нов Зеланд и Холандија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа