Author: Author 04

Иако сонцето се појави во делови од земјава, температурите остануваат поларни. Според најновите мерења на УХМР во 16:00 часот, Попова Шапка е најстуденото место во земјата со измерени -11,5 степени. Слична е состојбата и во Крушево каде термометарот во попладневните часови покажа -9,5 степени. Дури и во градските средини студот не попушта. Во Битола и Прилеп во 16 часот се измерени -2,5 степени, додека во Охрид температурата изнесуваше -3,3 степени. Во главниот град, на мерната станица Скопје-Петровец, во 16 часот е измерена температура од само 1,1 степен.

Повеќе

Денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци. На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата. Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното…

Повеќе

Сопственикот на луксузниот бар во Кран Монтана, каде во стравичен пожар живи изгореа 40 лица, доби мерка притвор од три месеци. Истрагата открива морбидни детали – сопственикот признал пред истражителите дека помошната врата, која можела да спаси десетици животи, била заклучена одвнатре во моментот на несреќата. Двојката која стои зад менаџирањето на објектот сега се соочува со тешки обвиненија за „убиство од небрежност“ и предизвикување општа опасност. Додека швајцарската јавност е во шок, судот смета дека постои опасност од бегство или влијание врз сведоци, поради што сопственикот веднаш е спроведен во истражен затвор.

Повеќе

По неколку месеци вртоглави цени кои го празнеа џебот на македонскиот потрошувач, од денес јајцата во маркетите се продаваат по значително пониски цени. Вредноста е вратена на нивото пред големиот ценовен шок од ноември минатата година, кога цените пораснаа за рекордни 30 проценти. Во дел од поголемите маркети, цената за една табла од 30 јајца е намалена за 60 до 80 денари, што претставува сериозно олеснување за семејниот буџет. Добавувачите најавуваат дека овој бран на ревидирање на цените ќе продолжи и во наредните денови кај сите трговци на мало.

Повеќе

Денешното утро (12 јануари 2026) Македонија се разбуди во поларна атмосфера со температури кои на многу места паднаа длабоко под нулата. Според податоците на УХМР, апсолутен рекордер е Попова Шапка каде се измерени екстремни -16 степени, веднаш по неа се Маврови Анови со -14 и Крушево со -13 степени. Иако во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и сончево време, студениот северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува, само ќе го зголеми чувството на студ. Максималните температури денеска во најтоплите делови едвај ќе достигнат 3 степени, додека во Скопје термометарот ќе застане на само 1 степен.

Повеќе

Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот. Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата. На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.…

Повеќе

Овен Денес можете јасно да кажете што сакате и каде одите, особено во професионален контекст. Не мора да се докажувате со сила, туку со аргументи. Кога зборувате смирено, луѓето ве слушаат повеќе отколку што очекувате. Бик Ова е добар ден за разговор што бара зрелост и длабочина. Можете да изразите став без да навлегувате во одбрана или тврдоглавост. Ако нешто ве мачи подолго време, денес може да се артикулира на начин што носи стабилност. Близнаци Мислите ви се пофокусирани од вообичаено. Денес не е за површна комуникација, туку за суштински разговори. Ако сакате да расчистите недоразбирање, ова е добар момент…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 32,801 (денари/килограм)

Повеќе

Американската администрација под водство на Доналд Трамп подготвува план кој звучи како сценарио од филм. Според најновите информации кои ги пренесуваат американските медиуми, Белата куќа сериозно размислува да им исплати на жителите на Гренланд суми кои се движат од 10.000 па сè до неверојатни 100.000 долари по лице. Целта на оваа „финансиска инјекција“ е јасна: да се придобие локалното население да поддржи отцепување од Данска и потенцијално приклучување кон Соединетите Американски Држави. Иако логистиката за ваква масовна исплата сè уште не е дефинирана, самата најава предизвика вистински земјотрес во дипломатските кругови во Копенхаген и Брисел.

Повеќе

Германскиот град Албштат е завиен во црно по стравичната експлозија на гас што рано утринава во 5 часот избриша станбена зграда од лицето на земјата. Во урнатините на својот дом, животот го загубија три лица – млада брачна двојка на возраст од 33 и 30 години и нивното шестгодишно дете. Над 200 спасувачи и пожарникари со часови водеа битка со времето, надевајќи се дека ќе најдат преживеани под тоните бетон. За жал, по сложената операција за отстранување на шутот, телата на членовите на семејството беа пронајдени без знаци на живот. Градоначалникот Тралмер изрази длабоко сочувство, истакнувајќи дека ова е најцрниот…

Повеќе