- Сопругот ме нападна, 68-годишник приведен во Гостивар
- Дошла на посета кај брат ѝ во Идризово, па ја фатиле со марихуана
- Двојка од Германија по две и пол години ја подигнале добивката од 250.000 евра на лотарија
- Две лица повредени, удрил во паркиран автомобил и возач на автопат Скопје-Куманово
- Ѓорѓиевски: Нови машини за почисти училници и ходници во скопските средни училишта
- Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
- Се сопнал од кофа и паднал во необезбедено лифтовско окно – две лица и две фирми обвинети за смртта на Кристијан Љушев во Охрид
- 28-годишник од Чаир го запалил автомобилот на мајка си, се заканувал дека ќе го запали и станот
Author: Author 04
Превозниците укажуваат на импликациите од најавените нови правила за патување во Европската унија и повторно апелираат да им се овозможат повеќе денови за престој во шенген-зоната, а престојот да се пресметува во часови, а не во денови. На денешната средба на превозниците, организирана од Макам-транс, беше соопштено дека недостигаат 15 -16 000 возачи и оти им се потребни бенефици, со поголемо даночно олеснување за дневниците, како и увоз на возила без плаќање на ДДВ. Државните претставници, пак, порачаа дека превозниците се основен двигател на бизнисот и оти идниот раст на секторот Транспорт и логистика, што во вториот квартал забележа пораст…
Експлозија одекнала на пазар во турскиот град Демре, при што се повредени неколку лица, објави локалниот новински портал Анталија Хакинда. Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, се вели во извештајот. Турските екипи за итни случаи брзо се упатиле кон местото на настанот откако добиле пријави за повредени, пренесуваат тамошните медиуми.
Двомесечно бебе почина во Апокоронас, објавија грчките медиуми. Според последните информации, родителите на бебето, фински брачен пар, ја предизвикале смртта на новороденчето со тоа што го давиле бебето додека спиело. Поточно, брачниот пар присуствувал на свадба во саботата навечер и го успале бебето меѓу себе, што резултирало со случајно удирање. Се забележува дека двајцата наводно консумирале алкохол. Обдукцијата утврдила дека смртта на детето настапила од задушување. Родителите биле изведени пред обвинителот и биле пуштени на слобода во недела наутро, додека против нив е покрената кривична постапка.
Денес, на маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се одржа првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) – настан кој претставува историски момент и потврда за заедничката посветеност кон регионалната соработка, европската интеграција и конструктивниот мултилатерализам. Состанокот беше организиран од страна на Република Северна Македонија, која ја презеде едногодишната улога на претседавач со ЈЈИ за периодот 2025–2026 година. Во своето обраќање, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја истакна симболиката на оваа година, кога се одбележуваат пет години од приклучувањето кон ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR),…
Вчера во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Ноќеска во 01:00 часот, на улицата „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.Р.(18) од Охрид. Тој бил затекнат при обид за одземање на патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, кое било оставено незаклучено на паркинг на истата улица, информираа од полицијата. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 7 километри. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција. Нема веднаш пријавени повредени или штети.
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 23.09.2025 (вторник) во периодот од 17:30 до 21:00 часот поради одржување на трка која ќе започне од пред Основното училиште „Кочо Рацин“, потоа десно по ул.„Тодор Александров“, десно по ул.„Партенија Зографски“ и десно по ул.„Ацо Караманов“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи известува дека е објавен тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. „Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози“. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. „Македонската полиција заслужува да биде модерна и…
Венко Филипче и СДС намерно креваат лажна паника за наводно нарушена безбедност на скопскиот аеродром. Каква врска има партиите со тоа што се расипал радар, што може да се случи на било кој аеродром во светот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Расипаниот радар не само што не ја загрозува безбедноста на патниците туку работата на аеродромот продолжува непречено по утврдени протоколи. Впрочем ниту една реномирана авиокомпанија која оперира на скопскиот аеродром се нема пожалено ниту откажано од работење. Што се однесува за партизираноста на МНАВ само да потсетиме дека каубојците од ДУИ се тепаа на работно место, а пајташите…
