На 19.11.2026 околу 10:15 часот на автопат Скопје-Куманово, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот П.Т. од Куманово, удрило во Н.М.(61) од Куманово, а потоа во патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, кое претходно го запрел Н.М. поради дефект.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „цитроен“, констатирани во Општа болница Куманово, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

