Author: Author 04

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против А.С.(64) од с.Ростуше, гостиварско,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во с.Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои предаваат на ученици во с.Ростуше и одделенски наставници во с.Велебрдо и с.Требиште, а немале завршени студии. Тие не биле соодветни да извршуваат настава согласно Законот за наставници и стручни соработници, а било констатирано од страна на Државен просветен инспекорат при инспекциски…

Повеќе

По необично топлот декември со температури до 10 степени, Копаоник конечно ја доби вистинската зимска лика. Студениот бран ја спушти температурата на -3°C, а планината побеле со нов снежен слој кој се очекува да достигне до 10 сантиметри. Додека скијачите уживаат во новите врнежи, метеоролозите најавуваат дека вистинскиот студ допрва доаѓа. Иако до крајот на годината ќе преовладува сончево време, температурите ќе се движат во длабок минус, од -9 до -3°C, што се идеални услови за работа на топовите за вештачки снег. Новогодишната ноќ на планината ќе биде екстремно студена, а првите денови од Новата година ќе донесат „сибирски“ услови…

Повеќе

Во текот на денот, обилни снежни врнежи ја зафатија територијата на општина Кладово, а сите расположиви екипи се на терен и работат на расчистување на патиштата. Градоначалникот на општина Кладово, Саша Николиќ, го посети местото заедно со дежурните служби за да се увери дека сите активности за чистење на патиштата се одвиваат според планот. Тој апелира до возачите да го прилагодат своето возење на моменталните услови на патот.

Повеќе

Полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа руски извидувачки авион кој леташе над Балтичкото Море во близина на границата на полскиот воздушен простор, соопшти денес Оперативната команда на полските вооружени сили. „Наутро, над меѓународните води на Балтичкото Море, полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа од нивната зона на одговорност руски извидувачки авион кој леташе во близина на границата на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението објавено на платформата X, објави Ведомости. Како што е објавено, објектите влегле и во полскиот воздушен простор од правец на Белорусија во текот на ноќта. „По детална анализа, беше утврдено дека…

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги потсетува студентите дека од денеска, 25 декември, започнува процесот на продолжување и заверка на годишните билети за бесплатен превоз за претстојната 2026 година. Заверката се врши со лично присуство во кој било центар за персонализација на ЈСП, а студентите треба да ги подготват следниве документи: Од ЈСП појаснуваат дека оваа обврска не важи за бруцошите кои го извадиле билетот за студиската 2025/2026 година – нивните билети автоматски ќе бидат валидни и за наредната календарска година.

Повеќе

Јавното претпријатие „Македонијапат“ информира дека на неколку патни правци низ државата се бележат врнежи од снег и намалена видливост. Снег со слаб интензитет паѓа на патиштата Пехчево-Обозна-Берово и Суви Лаки, но засега не се задржува на коловозот. Многу посериозна е состојбата со маглата, која ја намалува видливоста до 100 метри на планинските премини Стража и Ѓавато, како и во Крушево. „Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони“, соопштуваат од „Македонијапат“.

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека владата на ДУИ и СДСМ каде прв вицепремиерот беше Артан Груби препорача да се укине балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување пред сè на граѓаните Албанци, а Законот за правична застапеност кој го изготви оваа влада доби позитивна препорака од Венецијанска комисија, а одлуките на комисијата се спроведуваат согласно методологијата за пристапување кон ЕУ. „Не е точно и не е вистина дека со доаѓањето на оваа Влада е избришан инструментот балансер, вистината е дека Владата во која беше…

Повеќе

Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ .По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност, истакна Манасиевски.„ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и Филипче имаат златни визи за Дубаи, а за истите и самите потврдија, но не кажаа на кој начин ги добиле. По се изгледа, стекнувањето на златна виза е поради влог во недвижности.Иако Филипче призна…

Повеќе

Вчера во 15:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(37) од с.Клечовце, кумановско. Претходно, тој на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, со патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) од Скопје, со живеалиште во с.Љубодраг, кумановско, информираа од полицијата.  По преземени мерки е констатирано дека Д.М. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,08 промили алкохол во крвта.

Повеќе

Џиновска елка во Нортамберленд, Велика Британија, официјално е запишана во Гинисовата книга на рекорди како највисоката жива новогодишна елка во светот. Со импресивна висина од 44,7 метри, ова дрво е засадено уште во далечната 1860 година, а денес е двојно повисоко од познатата статуа „Ангел на Северот“. За да го заслужи овој престижен статус, елката морала да биде комплетно украсена. Тимот од имотот Крегсајд потрошил два дена за поставување на повеќе од 1.300 светилки и две џиновски виолетови машни. „Секое светло е внимателно проверено и прицврстено вертикално за да се избегне притисок врз дрвото“, објаснија од Националниот фонд. Иако ова…

Повеќе