Author: Author 04

Денеска во СВР Скопје, 66-годишен маж пријави дека на 21.12.2025 во семејниот дом на подрачјето на Центар, бил нападнат од неговите два сина, кои се обиделе да му го земат мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 15:00 часот во СВР Тетово, 67-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен за сума од 3000 евра од женско лице, кое се претставило дека е од Бугарија и со која контактирал на социјални мрежи. Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен прамин и заплениле 10.000 евра. Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да…

Повеќе

Вчера во 15:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.С.(65) од Косово. Тој се сомничи дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП, по што со неговото возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.С.(59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа’’ и „лажно претставување“. На 25.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, управувајќи патничко возило „фолксваген голф’’, пријавениот се претставил како дипломат и приложил фалсификувана дипломатска патна исправа.

Повеќе

Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје во с.Кондово, општина Сарај, шест лица физички нападнале 15-годишник од с.Радуша, скопско, а потоа го нападнале и возачот на автобусот Р.Ф.(38) од с.Радуша. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. во својство на извршен член на oдбор на директори на Друштво за спортски дејности кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 4 и 5 в.в со ст. 1 од КЗ на Република Северна Македонија. Пријавениот В.Б., во својство на овластено лице во Друштво за спортски дејности кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, ги пречекорил границите на своите службени овластувања доделени од друштвото, постапувајќи спротивно на член 14-д…

Повеќе

На 22/23.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.И.(22), А.М.(19), Т.М.(25) и Ф.Р.(36), сите од Скопје, А.М.(42) и Д.П.(19), двајцата од село Волково, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана, информираа од полицијата. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието, посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Ништо не е постигнато од проекциите и задачите кои што оваа влада си ги дала сама на себе. Треба да се произведат над 5.000 гигават часови струја, не се произведени ниту половина, како половина од хидроенергетскиот потенцијал изминатата година да не работел, ете толку струја недостасува во нашиот енергетски систем. Таа струја е замената со увозна скапа електрична енергија. Наместо да…

Повеќе

Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета. Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика. Претседателката потсети дека, по 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта. Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан,…

Повеќе

Околу 40 лица беа евакуирани во Монпелје, каде што поплавите предизвикаа затворање на многу патишта, додека пет департмани во јужна Франција, вклучувајќи го и Еро, денес се под портокалова временска тревога поради дожд и поплави. „Во тек се безбедносни интервенции“, објави префектурата Еро, според телевизијата BFM. Префектурата, исто така, изјави дека градовите Монпелје, Сен Жак де Ве и Вилнев ле Маглон се најпогодени од бурата. Градот Монпелје, исто така, објави дека парковите, гробиштата, зоолошката градина и божиќниот пазар се затворени. Сообраќајот во градот беше нарушен, а неколку улици беа затворени. За еден час, Монпелје доби околу 40 милиметри дожд, а…

Повеќе