Author: Author 01

Македонската традиција за Прочка е исклучително богата, слоевита и присутна во секој дел од нашата земја. Всушност, слободно можеме да кажеме дека ова е празник кој длабоко резонира со македонскиот идентитет. Ние сме народ кој низ историјата претрпел многу, но секогаш наоѓал сила да прости. Токму затоа, духот на проштевањето е вкоренет во нашиот ген. Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес – тоа е нашата евангелска определба, показател за големината на нашата душа и капацитетот за безусловна љубов. Ваквиот христијански однос се пренесува од генерација на генерација, воспитувајќи го македонскиот човек секогаш да тежнее кон доброто.…

Повеќе

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но ќе се задржи релативно студено и ветровито. Според метеоролозите, во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег. Клучна карактеристика на денешното време ќе биде ветерот. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој локално може да достигне брзина и до 60 километри на час. Утринските температури ќе се спуштат под нулата и ќе се движат во интервал од -4 до 4 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 5 до 12 степени. Слично време се…

Повеќе

Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината. Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО. Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови. Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски вечерва извршија теренски увид во градежните работи на булеварот „Македонија“ кој треба да го реши хаосот кај „Тутунски“ и да ја донесе првата подземна сообраќајница во главниот град. Преку објава на социјалните мрежи, придружена со фотографии од терен и од дрон, градоначалникот Ѓорѓиевски порача дека градежната офанзива нема да запира ниту во текот на ноќта, со цел да се избегне дневен сообраќаен колапс. „Работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, придружуван од стручниот тим задолжен за изработка на Мастер планот за развој на општината, оваа недела изврши серија теренски посети низ неколку населби. Целта на овие активности е директно следење на динамиката на капиталните проекти кои веќе влегоа во фаза на реализација. Од локалната самоуправа информираат дека за време на увидот биле презентирани досегашните интервенции, како и плановите за следните фази од урбаниот развој. Како клучни проекти кои веќе ја менуваат сликата на локалната инфраструктура се посочени работите на улицата „Ферид Мурат“ и булеварот „Мит’хат Фрашери“, каде се забележуваат видливи подобрувања во сообраќајот, пристапноста и целокупниот урбан стандард. „Мастер планот на Чаир…

Повеќе

Лицата кои биле ангажирани за работа во странство нема да мора да плаќаат данок во Македонија, доколку приложат доказ дека компанијата-работодавач веќе ги подмирила даночните обврски во земјата каде што се одвивал ангажманот. Ова денеска го појасни премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на реакциите во јавноста по масовните известувања што Управата за јавни приходи (УЈП) им ги испрати на овие граѓани. Премиерот нагласи дека не станува збор за никакво ретроактивно оданочување, туку за законско решение донесено од претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Тој застана во одбрана на постапката на УЈП, објаснувајќи дека институцијата морала да реагира поради законските рокови. „УЈП…

Повеќе

Основното јавно обвинителство во Свети Николе експресно поднесе обвинение против 21-годишен маж, откако на виделина излегоа застрашувачки детали за семејно насилство извршено врз неговата бремена девојка. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случувал на 19 и 20 февруари во нивната семејна куќа. Насилникот прво вербално ја навредувал својата партнерка со која живеел во заедница, по што започнал брутално да ја удира со тупаници. Откако несреќната жена се онесвестила од силината на ударите, тој ја одвлекол во бањата и ја освестил со ладна вода, само за да продолжи со изживувањето – влечејќи ја за коса и задавајќи ѝ нови удари по…

Повеќе

39-годишник бил грабнат и тепан под закана со огнено оружје во тетовско Гајре. З.И.(39) пријавил дека бил пресретнат од лицето Л.М. и еден 16-годишник кои излегле од возило „Голф“. Насилно го внеле во дворот на Л.М., каде со закана со огнено оружје физички го нападнале со тврд предмет. Полицијата реагирала брзо и околу 21:50 часот во Тетово го пресретнала возилото, кое првично не застанало на знакот за запирање. Уапсени се А.М.(43) и Е.М.(20) кои биле во возилото, а во Гајре, во присуство на родител, е приведен и 16-годишникот. Возилото е запленето, а по Л.М. интензивно се трага.

Повеќе

Триесет и четиригодишен маж од виничкото село Крушево загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска, кратко по полноќ. Според пријавата во ОВР Виница (21.02.2026 околу 00:20 часот), М.М. управувајќи патничко возило „сеат ароса“ излетал надвор од коловозот на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово. Возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увидна екипа извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Повеќе

Вистинска драма се одвиваше денеска во централното градско подрачје на Кочани, откако избувна пожар во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во тамошниот Трговски центар. Причината за инцидентот било запалување на црево поврзано со плинска боца, што предизвикало голема загриженост кај присутните граѓани. Благодарение на присебноста на вработените во објектот, спречена е поголема трагедија. Тие реагирале молскавично и со помош на противпожарни апарати успеале да го локализираат огнот пред тој да се прошири низ целиот ресторан. Веднаш по нив, на местото на настанот пристигнала екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Кочани. Пожарникарите експресно ги извлекле плинските боци од опожарениот простор, со што ја елиминирале опасноста од разорна експлозија…

Повеќе