Author: Author 01

Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано. Куќен притвор за лице кое веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор. Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола, стои во реакцијата на СДСМ за одлуката за куќен притвор на Груби. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д обвинителка избраа на поранешен заменик министер на ВМРО. Власта има целосна контрола врз обвинителството и…

Повеќе

Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник. Црната кутија на владеењето на ДУИ се стави на располагање на правдата. Вистината неизбежно ќе почне да излегува на површина, посочуваат од Вреди во денешното соопштение. Артан Груби не беше обичен функционер. Тој беше извршител, координатор и доверлив човек за сите клучни одлуки во изминатите години. Од задкулисни договори, преку сомнителни тендери, до политички пазари, Груби беше присутен секаде каде што се кроеше моќта на ДУИ. Затоа денес не станува збор само за индивидуална одговорност, туку за систем…

Повеќе

УХМР за деенска најави променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен…

Повеќе

Повеќе скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија во различни периоди од денот. Без струја денеска од 9 до 12 часот ќе останат корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ Алуминка, потоа улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево и улицата „8“, како и дел од корисниците од улицата „12“ во село Долно Соње. Од Регионалниот центар за управување со кризина на Град Скопје сопштија дека во периодот од 7 до 16 часот без електрична енегија ќе останат и корисниците од ул. „Мирослав Крлежа“ лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул.…

Повеќе

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук. -Вистината е како шило, ќе боди, ќе боди, лево десно, напред назад и оп, ќе излезе на површина, напиша тој. -По поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу која беше сменета, а потоа и разрешена затоа што одбила да ги спроведува наредбите на СДСМ предводен од Зоран Заев, а дадени до СЈО за кој кажа дека личел на партиски штаб на СДСМ, во јавноста проговори и поранешниот судија на врховниот суд на Македонија Ристо Катавеновски. Тој отворено потврди дека тогаш судијката во кривичниот суд, а денес наградена како член на…

Повеќе

Адвокатот Владимир Туфегџиќ реагираше по одлуката Артан Груби да добие мерка 30 дневен куќен притвор со 24-часовен надзор. -„Денешниот настан со Артан Груби прво го отвора прашањето дали како луѓе конечно ќе научиме нешто за сензационализмот, непотребното билдање и загревање на амбиентот за нешто што е извесно како бел ден дека ќе се случи и како меур спласнува на крајот на денот, вели адвокатот, објави Скопје1.мк. Тој посочува дека ќе поддржи државен јавен обвинител кој ќе создаде праведен амбиент и ред што ќе важи подеднакво и за „големиот политичар во бегство“ и за „обичниот смртник кој, и да сака, нема…

Повеќе

Стопанска комора на Северна Македонија денес организира настан насловен „Револуција во образованието: моќта на дуалното образование во Македонија“ – прв заокружен проект од трите клучни приоритети на Комората. Целта е да се презентираат резултатите и активностите што ги реализираше бизнис-заедницата во процесот на имплементација на дуалното образование, како и да се понуди инспирација за следните чекори во унапредување на квалитетот на образовниот систем. Со воведни обраќања ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на Комората, Бранко Азески. Од Комората информираат дека активно се вклучени во реформите на образованието со цел создавање кадар усогласен со потребите…

Повеќе

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од ноќеска на полноќ се зголемија за половина денар, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар. Ова се цените со последната одлука која вчера ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).  Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува 34,520 ден./кг. Од поноќ бензинот „евросупер БС-95“ ќе се продава за 73,50 денари/литар, „евросупер БС-98“ – 75,50 денари/литар, дизел-горивото 69,00 денари/литар, маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 денари/литар, и…

Повеќе

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, во прво читање, денеска ќе се разгледува на седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Овластен предлагач е претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, а меѓу предлагачите се и пратениците: Бисера Костадиновска Стојчевска, Благој Бочварски, Борче Цветков, Горан Мисовски, Даниела Николова, Димитар Ковачевски, Јован Митрески, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Миле Талевски, Митко Трајчулески, Моника Зајкова, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Славјанка Петровска, Соња Мираковска и Фатмир Битиќи. Со предложените измени се предвидува минималната плата во државата да биде утврдена на 600…

Повеќе

Судија на претходна постапка од Основниот Кривичен Суд – Скопје, одлучи Артан Груби да добие мерка 30 дневен куќен притвор со 24-часовен надзор. „Во текот на денот, одбраната на осомничениот, до Судот достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор, кој предлог е проследен до надлежното јавно обвинителство, за да се произнесе по истиот. Со оглед на фактот дека Jавното обвинителство ја води истрагата и согласно законските овластувања оценува која мерка е соодветна и доволна за непречено водење на истрагата, Обвинителството до Судот писмено достави позитивно мислење, а воедно на самата расправа за сослушување и јавен обвинител предложи…

Повеќе