Арсовски: СДСМ и Заев ветиле во пописот да наштелуваат над 32% албанско население

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека со пописот власта се обидува да наштела оти 32 отсто од населението е албанко. Партискиот портпарол, Димче Арсовски ве вечерашниот „Коментар на денот“ рече дека всушност станува попис на две партии, СДСМ и ДУИ, а не на сите граѓани.

-Овој попис кој го турка СДСМ е политички попис, а не статистички како што треба да биде и како што е секаде во светот и во развиените земји. За жал, ова брутално силување на оваа статистичка операција – попис, е единствено затоа што Заев има веќе договорени бројки на тоа колку жители има Република Македонија од одредени етнички заедници. Ова е цена на коалицискиот договор помеѓу Заев, СДСМ и ДУИ, кој мора да го исполни СДСМ. Заев, СДСМ, Али Ахмети и ДУИ веќе имаат договорено и ги знаат резултатите и бројките кои што треба да ги даде резултатот од пописот. Попишувањето на население само со издиктиран матичен број на одреден човек е услов поставен затоа што Заев има ветено дека бројката на Албанци во Република Македонија според пописот ќе биде над 32% од населението, обвини Арсовски.

Рече дека пописот вака пописот не е статистика, туку гола политика. Поради тоа неговата партија бара повлекување на Законот и носење нов со консензус кој ќе биде во корист на Република Македонија и на граѓаните.

-Доколку го изгласа на сила СДСМ, ние ќе собираме потписи од граѓаните за да го поништиме овој закон и да донесеме сите заедно нов закон, најави портпаролот на опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега