Арсовска заедно со Стефковски на средба со граѓаните: Ги слушаа нивните проблеми и предизвици

Денеска, градоналачничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски имаа средба со дел од жителите на оваа општина, на која, жителите ги презентирале проблемите со кои се соочуваат во нивните заедници. Арсовска преку Фејзбук информираше дека паднал и договор за заедничка соработка. 

„Денес со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, имавме заедничка средба со претставници на урбаните и месните заедници во оваа скопска општина.
Претставниците на урбаните и месните заедници ги презентираа предизвиците со кои се соочуваат граѓаните од оваа општина, а како дел од програмските заложби да нема заборавени населби договоривме заедничка соработка за што побрзо и поефикасно решавање на проблемите кои ги имаат жителите на општината, како и заеднички теренски активности на службите“, напиша Арсовска на Фејзбук.
 

21.12.2021 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега