Арсовска - Костовски: Наместо дива депонија, реализирана нова зелена површина над 3000 квадратни метри во населба Радишани

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, извршија увид на новата реализирана зелена површина на улицата Бутелска во населбата Радишани во општина Бутел.
 Долгодишната дивна депонија сега е нова зелена површина од над 3000 квадратни метри, во првата фаза хортикултурно се уредени околу 1496 квадратни метри, а во втората завршна фаза хортикултурно се уредени уште 1500 квадратни метри. 

-  Наместо долгогодишна дива депонија уредивме нова зелена површина на површина од над 3000 квадратни метри за граѓаните. Во оваа прва фаза на оваа површина засадени се над  200 зимзелени и листопадни садници. Продолжуваме со реализација на уредување и подигнување на нови зелени површини и зелени коридори во Скопје – изјави Арсовска. 

- Новиот парк за граѓаните на општина Бутел содржи нови патеки за пешачење, посебен систем за наводнување, зимзелени и листопадни дрвца, нови летниковци како и содржини за најмладите. Комплетно  реконструирано е и фудбалското игралиште коешто се наоѓа во овој потег – истакна Костовски. 

За комплетно уредување на оваа зелена површина, екипите на ЈП „Улици и патишта“ во средишниот дел на паркот изградија пешачка патека, поставена е заштитна ограда и заштитни столпчиња. 

Градот Скопје, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и општините, продолжуваат со активности за уредување на нови зелени површини и формирање на зелени коридори низ населените места во Скопје

Град Скопје

16.05.2022 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега