Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот станува поевтин од бензинот

    14.09.2026 во 13:24

    Авион се урна во Германија – има загинати

    14.09.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Арсова: Застапеноста на жените во Собранието скокна од 3 на 40 отсто
    • Мисајловски: Над 50 отсто од раководниот кадар во Министерството за одбрана се жени
    • Нелоска: Кога се жените вклучени во политиката секогаш има поголем фокус на аспектите
    • Кочоска: Флексибилност во политиката да, во вредностите не
    • Хорор на плажа: Ајкула нападна пожарникар на Гленфилд
    • Ивановска: Ние жените не треба да бидеме присутни кога се носат одлуки, ние треба да бидеме креатори на одлуки
    • Богева Мицовска: Политичкото присуство е одговорност и решение, а не само функција и состанок
    • Клековски во Љубљана на увид во словенечкиот модел на итна медицинска помош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Арсова: Застапеноста на жените во Собранието скокна од 3 на 40 отсто

    Арсова: Застапеноста на жените во Собранието скокна од 3 на 40 отсто

    14.09.2026 во 22:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Прашањето за присуството на жените во македонското Собрание, не е само прашање поврзано со бројки и исполнување на законски квоти. Кога зборуваме за присуството на жените во македонското Собрание, всушност зборуваме за тоа колку силна демократија имаме како држава, каков е нашиот демократски напредок и колку како општество сме спремни да ги почитуваме човековите права и различностите. Затоа што демократијата е силна кога во неа се почитуваат различните ставови, различните перспективи и различните мислења, рече Драгана Арсова, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната панел дискусија насловена „Улогата на политичките партии во демократското учество, во рамките на првата политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата во организација на УЖ.

    Арсова посочи дека ако се вратиме назад, можеме да констатираме дека бројката на застапеност на жените во Собранието на Република Македонија во минатото и не била на толку високо ниво, односно во првите повеќепартиски парламентарни состави, процентот на жените присутни со Собранието се движел помеѓу три и 8%, за да денес зборуваме за застапеност од 40%.

    „Во моменталниот парламентарен состав во Собранието на Република Македонија имаме 45 пратенички. Ова за нас како држава претставува сериозен демократски напредок, меѓутоа на овој демократски напредок му претходеле низа измени и дополнувања на законски решенија, започнувајќи од 2002 година кога беше воведен минимумот од 30% застапеност на жените на кандидатските листи за да во 2006 година биде воведено правилото секое трето место на кандидатска листа треба да и припадне на жена“, истакна Арсова.

    Таа додаде дека во 2014 година одиме чекор понапред, кога, доколку на избрана жена и престане мандатот, нејзиното место ќе го заземе следната жена кандидатка од листата, било да станува збор за кандидатска листа на советници или кандидатска листа на пратеници, за во 2015 година се усвојат измените на Изборниот законик со усвојување на 40 проценти застапеност на законската квота за жените на кандидатските листи.

    „Како жени пратенички во овој парламентарен состав имаме со што да се пофалиме. Имаме жена потпретседателка на Собрание, 20 пратенички групи за соработка со парламенти на други држави се предводени од жени претседателки на пратеничките групи за соработка. Од 11 парламентарни делегации, шест делегации се со шеф на делегација жена, што значи дека Собранието на Република Македонија е претставувано во меѓународните парламентарни организации предводено од делегации со шефови жени пратенички и во парламентарното Собрание на Советот на Европа и во парламентарното Собрание на организацијата за безбедност и соработка на Европа-ОБСЕ, Мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација, исто така, предводен од делегација со шеф жена пратеничка“, посочи, меѓу другото, Арсова.

    Прочитај повеќе

    Мисајловски: Над 50 отсто од раководниот кадар во Министерството за одбрана се жени

    14.09.2026 во 22:20

    Нелоска: Кога се жените вклучени во политиката секогаш има поголем фокус на аспектите

    14.09.2026 во 22:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.